Австралискиот клуб Бризбејн официјално ја претстави легендата на Ливерпул, Роби Фаулер за свој менаџер. Договорот на поранешниот напаѓач е за период од две години и започнува да тече од почетокот на новата сезона.
Ова нема да биде прв престој на 44-годишниот Фаулер во Австралија. Пред извесно време тој настапуваше за екипите на Норт Квинсленд Фјури и Перт Глори.
„Со нетрпение го очекувам овој предизвик и решен сум да донесам успех во овој клуб со историја во А-лигата. Јас и моето семејство веќе сме живееле во Квинсленд, и јас сум многу среќен што се враќам тука за да бидам дел од семејството на Бризбејн, изјави Фаулер при настапот.
Во 2011 година, Фаулер беше менаџер на тајландски Муангтонг Јунајтед, пред година подоцна да стави крај на кариерата.