Бесир Беља и Скендер Демири добија по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски во јуни лани на автобуската станица во Автокоманда. Според судијката Даниела Алексовска-Стојановска, виновни се затоа што заеднички и на свиреп начин го убиле Никола Саздовски.
За убиството е обвинет и Јетон Љужа (19) кој е во бегство и него ќе му се суди во одвоена постапка.
Претседателот на советот пред објавубањето даде образложение за битните факти според кои се донесе пресудата.
-Одземено е правото на живот, одземен млад живот, прекината една младост. Од мое лично име и име на советот изразувам длабоко сочуство до семејството на Саздовски, рече судијката.
Според неа, за обвинетите не беше спорно дека критичниот ден биле на автобуската и на свиреп начин го удирале со тупаници и клоци по главата, и тројцата обвинети избегале.
Сведокот, малолетната девојка, убаво го опиша настанот и ги препозна обвинетите во судница. Според клучниот сведок, крвавиот чин не бил сторија на филмско платно туку реалност.
Директениот увид на местото, реконструкцијата, видот и карактерот на повредите кои настанале со удари со тупаници и нога, а не по пад на метална кутија како што сакаше да прикаже одбраната на обвинетите.
Саздовски трпел многу силни болки во сите регии на телото, а тоа го покажа вештачењето ма вешти лици, за што произлегува свирепоста на кд.
Судот цени дека санкцијата треба да биде еднаква за двајцата обвинети бидеќи заедно делувале.Тројцата крвнички го удирале со клоци и тупаници и го претепале сега покојниот Никола, за овој судски совет тројцата се њднакво виновни.
Бидејќи за време на кривичното дело сторителите немале 21 година, за што законот за постари од 21 година предвидува доживотна казна затвор, а до 21 година највисоката казна е 20 години.
Даниела Вељановска
Фото: Слободан Ѓуриќ