Делегација од Општина Кисела Вода го посетија католичкиот манастир на сестрите Мисионерки на Љубовта

По повод големиот христијански празник католички Велигден, вчера претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ и секретарот на Општината, Александар Алексовски го посетија католичкиот манастир на сестрите Мисионерки на Љубовта лоциран на територијата на локалната самоуправа.

Во манастирот кој околу 30 години служи како дом за згрижување на деца, самохрани мајки, бездомни, болни и изнемоштени лица, а во кој оброк секојдневно добиваат и повеќе од 70 сиромашни луѓе, Шимиќ и Алексовски се запознаа и разговараа со сестринството за неговото функционирање и за нивните потреби.

Тие со скромни подароци ги израдуваа дечињата кои во моментов живеат во него. Подароци за големиот христијански празник Велигден добија и сестрите кои неуморно се грижат за децата, ги чуваат, едуцираат и вложуваат маскимални напори да ги изведат на правиот животен пат.

Сестра Текла МЉ од Италија на Шимиќ и Алексовски им подари медали со ликот на Богородица по традицијата на скопјанката, света Мајка Тереза, а добија и молитва посветена за посетата на папата Франциск на нашата држава.

Треба да знаете
Последни објави