Иги Поп го прослави 72. роденден во свој стил, без маица на сцена

Рок-легендата и „Кум на панкот“, како што често го нарекуваат, сè уште е на сцената, а неговите енергични и бескомпромисни настапи се над стандардите што се очекуваат од луѓето во седумдесеттите години. Иги Поп (72) со неговиот бенд The ​​Stooges почнал да свири кон крајот на 60-тите, и е на сцена денес во подобра форма од многу негови двојно помлади колеги.

Тој го прослави 72. роденден во атмосфера што најдобро му одговара, на својот концерт во Мелбурн. Таму тој пееше од петни жили, скокаше, слезе во публиката, и се разбира без кошула. Речиси и не се памети кога последен пат е виден овој рок-„дедо” облечен на сцената, а неговото голо торзо е една од првите и најпрепознатливи рокенрол-асоцијации во последните 50 години.

И покрај тоа што има долга кариера зад себе и се чини дека сè уште има завидна физичка кондиција, не е никаква тајна дека Иги поголемиот дел од животот го помина борејќи се против зависноста од наркотици, за што тој постојано зборуваше отворено.

„Пропуштив многу работи во животот бидејќи бев постојано дрогиран и тоа е нешто поради што зажалив подоцна. Не жалам за нешто лошо што сум направил во таква состојба, туку за нештата што не ги направив поради зависноста. Би сакал да бев поприсебен и да му дадев повеќе на татко ми кога беше стар и во заминување“, беше искрен пејачот во интервјуто за „Дејли мејл“ пред две години, а денес, тврди тој, само сака да испие некоја чашка вино.

Треба да знаете
Последни објави