Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис најави дека неговата партија по Велигден ќе иницира гласање недоверба за алтернативниот министер за здравство на Грција, Павлос Полакис.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, на ваквата најава на Мицотакис одговори грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој изјави дека иницијативата за гласање недоверба на кој било министер од неговиот Кабинет, тој ќе ја претвори во гласање за доверба на Владата.