Во Малави ќе почне масовно испитување на таканаречената прва светска вакцина против маларија, која ќе им даде делумна заштита на децата.
РТС,С вакцината го тренира имунолошкиот систем да го нападне паразитот на маларијата, кој се шири преку комарците.
Претходно, помали тестирања покажале дека речиси 40 отсто одбебињата на возраст од 5 до 17 месеци, кои примиле вакцина, биле заштитени.
Случаите на маларија се чини дека повторно се зголемуваат по една деценија успех во борбата против смртоносната болест.
Според најновите годишни податоци, глобалните случаи на маларија повеќе не опаѓаат, што предизвикува загриженост за нејзиното повторно оживување.