Бразилскиот претседател, Јаир Болсонаро, смета дека нема причина за камионџиите во земјата да штрајкуваат, изјави неговиот портпарол во понеделникот.
Генералот Отавио Рего Барос изјави за новинарите во Бразилија дека владините разговори со камионџиите имаат за цел да обезбедат добар исход за да се избегне штрајк. Штрајкот од 2018 година на камџионџиите ја парализира економијата на Бразил, а владата неодамна ја натера државната нафтена компанија Петролео Бразилеиро да не ги зголеми цените на дизелот поради страв од нови штрајкови.