Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди може да премине во ПСЖ за време на летниот трансфер прозорец, соопшти „Газета дело Спорт”.
Аргентинскиот репрезентативец станал приоритетна цел за богатиот француски клуб, кој гледа во него идеален заменик на 32-годишниот Единсон Кавани.
Разговорите за трансферот на напаѓачот сè уште не започнале, но парижаните сега се сметаат за фаворити за потписот на Икарди.
Интер се очекува да бара околу 70 милиони евра, а поради неговиот конфликт со клубот и неговото долго отсуство од теренот, неговата цена падна.
Неодамна, сопругата на Икарди, Ванда Нара, рече дека Аргентинецот ќе остане во Интер уште една сезона.