Се изведуваат материјални докази за „Триста”

Со изведување на материјални докази денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи повторената постапка против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Се презентираат документи за јавната набавка на возилата, меѓу кои понуди и преписки за возила, каматни стапки, царински декларации и пресметки и фактури за одржување и сервисирање.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Процесот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е обвинителот од СЈО, Стефчо Донев.

Судијката Добрила Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност, а во декември минатата година Апелацискиот суд Скопје ја укина првостепената пресуда и случајот „Триста” го врати на повторно судење.

Треба да знаете
Последни објави