Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Косово (КЕДС) објави дека силниот ветар кој дува во земјата предизвика дефекти на нивните мрежи во повеќе населени места во оштините Урошевац, Митровица и Гњилне, јави дописникот на МИА од Приштина.
Силниот ветар предизвика 11 дефекти во регионот на Урошевац, три во Митовица и два во Гњилане, при што без струја останаа голем дел од граѓаните во тие области.
Екипи на КЕДС се излезени на местата каде што се случиле дефектите и работат на нивно санирање.