Петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот „Танц-фест“ ќе биде затворено денес, со почеток во 20 часот. Големата сцена на Македонскиот народен театар и македонската публика ќе бидат домаќини на претставата „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.
Во претставата учествуваат петнаесет млади танчари од Кина, кореографијата е со потпис на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, а костимите се на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.
На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за Инкубатор младите уметници, кои годинава во голем број учествуваа во програмата преку три уметнички категории – музика, современ танц и визуелни уметности.