Во Општина Бутел (голема сала), утре, 24.04.2019 г. (среда) во 19,00 ч. ќе биде отворена ликовната изложба на делата од осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018,,.
Станува збор за 30 дела на 18 ликовни уметници учесници на последната ликова колонија, што веќе традиционално, се одржува во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат: 27 слики, две скулптури во дрво и една скулптура во мермер.
На последната ликовна колонија, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други, учествуваа и уметниците од Србија: Владан Ранѓеловиќ, Наташа Радосављевиќ – Нара и Светислав Славковиќ – Кајзер.
На изложбата ќе биде промовиран специјално подготвениот каталог: Осма ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, во кој се презентирани уметниците и нивните дела.
На изложбата ќе бидат наградени и најубавите четири детски цртежи насликани на ,,Детскиот ден,, во рамките на ликовната колонија.