Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје, осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а, информираат од МВР.
Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија“
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси. Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице.
„Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на ИП адресата и по претходно обезбедена судска Наредба за претрес на дом издадена од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот при што е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а беа запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема“, се вели во соопштението на МВР.