Грчкиот премиер Алексис Ципрас ги претстави кандидатите на неговата партија СИРИЗА за изборите за членови на Европскиот парламент, при што упати остри критики до лидерот на опозициската Нова демократија Кирјакос Мицотакис, поканувајќи го на телевизиски дуел, јави дописничката на МИА од Атина.
– Во лицата на нашите 42-ца кандидати се рефлектира ликот на една поинаква Грција, креативна Грција, изјави Ципрас.
Коментирајќи ја изјавата на лидерот на Нова демократија за време на интервјуто за грчката телевизија „Алфа” дека „Ципрас е нервозен бидејќи си заминува”, премиерот изјави дека „секогаш кога Мицотакис се појавува на телевизиско интервју, веројатно не се грижи за механизмите што ја мерат гледаноста, па и покрај големите напори не е прв”.
– Јас имам да му предложам еден начин, конечно и тој да има гледаност што му прилега на лидер на опозициска партија, да дојде во студио кога сум и јас таму, да дојде да се соочиме, да се соочиме лице в лице, без прибелешки, без сугестии. Да се соочиме во сите области. За економијата, за Европа, за националните прашања, да размениме мислења и аргументи. Соочувањето не може да биде со слогани, туку со аргументи. Се надевам дека овој пат нема да се скрие од соочување лице в лице, порача Ципрас.
Во однос на претстојните европски избори, грчкиот премиер изрази оптимизам дека ќе победи коалицијата Прогресивна алијанса на СИРИЗА.
– Во оваа голема битка на европските избори ќе се бориме претставувајќи ги силите на левицата, но не само нив, туку и силите на екологијата, левичарската социјалдемократија, силите на напредокот и демократијата. Имаме една голема цел да не дозволиме радикалната десница и неолиберализмот да се прошират во Европа, но и во нашата татковина, изјави Ципрас.
Меѓу 42-цата кандидати за европратеници на СИРИЗА се и актуелната министерка за туризам Елена Кундура и пратеникот Спирос Данелис, кои поради нивниот позитивен став кон Договорот од Преспа беа исклучени од нивните матични партии, Независни Грци, односно Река