Исламска држава презема одговорност за бомбашките напади во Шри Ланка, во кои на Велигден беа убиени најмалку 320 лица, објави „Амак“, новинската агенција на оваа терористичка организација, без да наведе докази за ваквото тврдење.
Меѓутоа, „Амак“ подоцна објави фотографии од осуммина мажи за кои тврди дека се терористите што ги нападнале црквите и хотелите во Шри Ланка. Во прилог на фотографијата објавени се и наводните имиња на седуммина од напаѓачите и се опишува во кој од нападите учествувал секој од нив. Исто така се наведува дека еден од нив се соочил со полициските сили, при што убил тројца полицајци.
Покрај фотографиите објавена е и снимка на која се гледа како мажите се колнат во верноста на калифот и водачот на Абу Бакр ал-Багдади при што вилаат „Алаху акбар“.
Заменик министерот за одбрана на Шри Ланка, во вторникот, зборувајќи за нападите не ја исклучи можноста тие да се одмазда за нападот врз џамиите во новозеландскиот град Крајстчрч, при што беа убиени 50 верници.
Тој додаде и дека за напдите се одговорни две локални исламистички групи.