Mицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил ја искоментира изјавата на премиерот Зоран Заев дека по претседателските избори ќе следи чистка на функционерите од извршната и локалната власт.

-Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.
Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев, напиша Мицкоски.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1211473652361425?__xts__%5B0%5D=68.ARBScUFca5k-dxME3TEqZII4XnLPnsXqhCO_sQkPm7PAn9VGnbZdVxb6NP_3i1Be5r8rt9ObdQdstMo6-p8SOVI9qbdO5wPysQ1F56B8L6btfjU6Lv51u5iDMENX5uM48YXN2LPnJxDB1AfnRh1CAHymCQ9AYYNg0pPMESdKeLeho3yt7TWVp5a8u_1UhlD0qBYsBTYJKwsLglRIf6Nla1SUYSuST1LGwYkJ1vYf1h2P_NrAv0uVtibjEORy1L40d5O7_qrdMTJX1PDMTd7LVUPVd5XVino1cfhaJ6CZoOfjXNmxRynZ3qCDLf8uNe_lRgJGQl8gY1wLnS_XT6LGJw&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави