Австрискиот политичар Кристијан Шлихер од Партијата на слободата поднесе оставка денес под притисок од јавноста, откако неговата антимигрантска песна предизвика жестока реакција во Австрија и пошироко.
Ова беше потврдено од страна на заменик-канцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе, партиски колега на Шлихер кој рече дека тој ќе ја напушти партијата ФПО.
Шлихер поднесе оставка како заменик-градоначалник на Браунау на Ина, инаку родното место на Адолф Хитлер.
Во песната Шлихер ги споредува мигрантите со стаорци и предупредува на опасноста од мешање на културите, објавија австриските медиуми.
Остро реагираше и канцеларот Себастијан Курц, кој е во коалиција со Партијата на слободата од 2017 година и побара нејзиниот огранок во Горна Австрија да се дистанцира од песната.
„Изборот на зборови е ‘одвратен, нечовечен и длабоко расистички’“, рече тој.