Во четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот далечен исток

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во четврток ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин на рускиот далечен исток, објави советникот во Кремљ, Јури Ушаков. Светските медиуми пишуваат дека оваа средба се случува во време кога Северна Кореја бара нова меѓународна поддршка во преговорите со САД.

„Нашиот претседател во четврток ќе разговара со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун“, изјави Ушаков за новинарите.

Оваа средба, прва меѓу двајца претседатели, е клучен настан во билатералните односи меѓу двете земји, додаде Ушаков.

Официјалната севернокорејска агенција КЦНА објави дека Ким наскоро ќе ја посети Русија на покана на претседателот Путин.

Според информациите во некои медиуми, состанокот ќе се одржи во Владивосток.

Треба да знаете
Последни објави