Волфсбург официјално објави дека Оливер Гласнер ќе го преземе тимот од летото, наследувајќи го на тренерската позиција Бруно Лабадија, кој не сакаше да го продолжи договорот.
Четириесет и четири-годишниот австриски стратег има договор со ЛАСК Линц до летото 2022 година, но „волците” ќе ја платат клаузулата за ослободување од 1,5 милиони евра.
Гласнер ќе потпише договор со германскиот тим за три сезони до 2022 година. Тој го одведе ЛАСК од втората лига до второто место во австриската Бундеслига, веднаш по шампионот Салцбург.