Додик: Во Сараево има Центар за спречување на руско влијание

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека има информации оти во Сараево, под раководство на Британец, е формиран центар за спречување на т.н. руско малигно влијание, за што од британската Влада добил шест милиони фунти.

– Едно одделение има во Тирана, едно во Подгорица. Тие ги евидентираат луѓето од владините и невладините организации, луѓето во институциите и, колку што знам, на списокот има над 300 луѓе кои шират руско влијание. Веројатно и јас се наоѓам на тој список, изјави Додик за телевизијата „Хепи”.

Според него, Русија во Република Српска има позитивна политика, а тој не е против американската реална политика, туку е против нивното наметнување и мешање во внатрешните работи.

– Не е неоточно дека хрватската разузнавачка служба дејствува во БиХ, како што дејствуваат и германската, британската, американската, истакна Додик.

Треба да знаете
Последни објави