Заев: Силјановска нема одговори што ќе прави со Рамковниот договор, договорот од Преспа, договорот од Бугарија и со кревкото единство
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев од граѓанската трибина на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски во Тетово, рече дека кандидатката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова нема одговори и решенија за важни прашања за иднината на граѓаните и државата.
„Нивните деструктивни политики имаат за цел повторно да ги затворат гранаците и да се обидат да не вратат во мрачното минато, и воопшто не се срамат да избегнуваат одгвоори. Кандидат да си за месна заедница мора да ги дадеш решенијата. Не може Силјановска да е кандидат за претседател на државата а да не каже што ќе прави со кревкото единство, што ќе прави со Договорот од Преспа, со Рамковниот договор, законот за јазици. Силјановска се бори за националистичките политики на ВМРО ДПМНЕ“, додаде Заев.