Нов силен земјотрес на Филипини

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во централниот дел на Филипини, соопшти Американскиот геолошки институт.

Земјотресот се случи еден ден откако 11 луѓе загинаа, 24 се водат како исчезнати, а 81 се повредени при вчерашниот земјотрес со интензитет 6,1 степени, што го погоди филипинскиот остров Лузон, најголемиот и најнаселен остров на архипелагот.

Епицентарот на денешниот земјотрес бил на длабочина од околу 70 километри, на 13 километри источно од централната област Тутубиган.

Тутубиган е оддалечен повеќе стотина километри од епицентарот на вчерашниот земјотрес.

Треба да знаете
Последни објави