Осомничениот делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук, кога објавил текст во кој дал поддршка на кривичното дело сторено од негов близок роднина во кое животот го загуби полициски службеник, а беа повредени уште четири лица. Во објавениот текст, осомничениот повикал на насилство кон оштетените од сообраќајната несреќа.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово, поведувајќи ја постапката против осомничениот, ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка на Основниот суд Куманово достави и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот. Предлогот беше прифатен, па со Решение на осомниченото лице му се определени мерките на претпазливост според кои привремено му е одземена патната исправа и му е зададена обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во судот.