Претседателот на Русија Владимир Путин ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток на 25 парил, а ден подоцна со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, соопшти денеска советникот на Кремљ Јуриј Ушаков.
Во фокус на разговорите Путин и Ким ќе биде „мирно решавање на нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров”, изјави Ушаков.
Медуми претходно јавија дека Влдивосток се подготвува да ги пречека Ким и Путин.
Во тој руски град забележани се припадници на севернокорејското обезбедување и протоколот, кои ги прават последните подготовки.
Се шпекулира дека Ким најверојатно ќе пристигне во Владивосток со воз, а за патувањето по пруга долга 1.200 километри, ќе му бидат потребни 20 часа.
Знамиња на двете земји се истакнати на главните сообраќајници каде што треба да минат делегациите, како и на рускиот Далекуисточен федерален универзитет, каде е можно да се одржи состанокот.
Медиуми забележале црн „мајбах”, ексклузивниот автомобил на Ким и „мерцедес бенц С- класа”.
Во Владивосток пристигнала сестрата на Ким, Ким Јо Џонг и други официјални лица.
Во Пекинг на вториот форум „Појас и пат”, кој се одржува од 25 до 27 април, ќе учествуваат повеќе од 40 шефови на држави и влади, меѓу кои и Путин.