СДСМ: Политички земјотреси правеше Груевски, тоа е и матрицата на Сиљановска

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…. тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата, информираат СДСМ преку соопштение до јавноста.

„Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски. Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите. Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави