Зоран Заев, Стево Пендаровски и Оливер Спасовски ја злоупотребуваат полицијата и се обидуваат да ја претворат во партиска испостава на СДСМ. Незаконски и под секое ниво на професионалност е полициски инспектори да се притискаат за да појавуваат на партиски митинзи, изразуваjќи поддршка за политичари, наместо да ја вршат својата работа во функција на обезбедување на мирот и сигурноста на граѓаните на Република Македонија..
На митингот на СДСМ во Карпош на 22.04.2019 година, полицискиот инспектор, Елхам Шкрета му се обрати на Заев, со зборовите: „Кај нас има еден збор кој се вика „беса“ вечерва ти ја давам бесата дека на петти ние сме победници и нема да те оставиме во кал, како што ти нас не не остави нас, ти си нашата икона.“
Со оваа своја изјава полицискиот инспектор директно ги крши законските акти од областа на полицијата. Имено според приоритетите за 2019 година како приоритети на МВР се наведени професионализацијата, департизацијата и деполитизацијата на вработените во оваа институција.
Ова за жал не е единствен пример на партиски активизам на полициски службеници. Во текот на целата кампања може да го забележиме како Јовче Ременски, сопруг на потпретседателката на СДСМ Фросина Ременски, кој е инспектор во УБК, стои во првите редови аплаудирајќи му на Заев и на Пендаровски.
Од оваа фотографија се гледа како во текот на изборниот ден полициски службеник пред избирачко место агитира за Стево Пендаровски.
На следнава фотографија се наоѓа Стево Пендаровски заедно со началникот на единицата за економски криминал при СВР Скопје, како наместо на работното место води кампања со Стево Пендаровски. Дали овој началник влегува по фирми и врши притисоци и закани, злоупотребувајќи ја својата позиција за да изнуди некој глас повеќе за Пендаровски?
Можеме само да ви порачаме, прочитани сте. Граѓаните ве гледаат, меѓународната јавност ве гледа. Затоа ги изгубивте и Скопје и Битола и Прилеп и уште 44 општини. Затоа ќе изгубите уште пожестоко во вториот круг. Ги злоупотребувате институциите и овластувањата за одбрана на криминалните политики кои што вие ги водите.
Ваквото однесување не доликува и е недозволиво за полициски службеници. МВР како институција има обврска да им служи на граѓаните, а не на политичките партии.
Политичкиот активизам е еден од потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски спаѓа и изразувањето и застапувањето на партиски ставови и убедувања. Заев, Пендаровски и Спасовски мора да одговараат за оваа злоупотреба на полицијата. Одговорност за ваквиот однос мора да има. Полицијата која наместо да го чува јавниот ред и мир оди по партиски собири и агитира за Пендаровски е главниот причинител за криминалот кој царува по улиците.
Вчера во Драчево во раните утрински часови беше фрлена бомба во двор на семејна куќа, а сведоци сме исто така и на запалените автомобили, грабежите и убиствата кои на жалост станаа редовна појава во Република Македонија. Ден претходно беа убиени татко и дете. Во двата случаи полицијата молчи, а сторителите слободно се шетаат. Така е затоа што Заев, Спасовски и Пендаровски се фокусирани како да го намалат поразот што ги очекува и притоа ја злоупотребуваат полицијата. Спасовски наместо да се бори против криминалот, оди по партиски митинзи. Ова не смее да остане неказнето. Одговорност за секое незаконско дејствие ќе има. Доаѓа правото и правдината во Република Македонија. Гордана Сиљановска Давкова е почетокот на промените во Република Македонија.