Претседателката на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, Лилјана Затуроска и Слаѓана Митовска, член, денеска во Приштина ќе учествуваат на тренинг во рамки на проектот „Развој на вештините на пратениците во Југоисточна Европа за теми поврзани со одржливата урбана мобилност”, во организација на Центарот за истражување и креирање политики.
Тренингот, соопшти собраниската прес-служба, се очекува да биде отворен од Леонора Криезиу, извршна директорка на Приштинскиот институт за политички студии (PIPS), Самир Мемедов, GIZ Отворен регионален фонд за енергетска ефикасност и Мимоза Кусари Лила, пратеничка од косовскиот парламент.
На претстојниот тренинг, најавена е и презентација од Аљаж Плевник, GIZ експерт.