Ќерката на Кејти Холмс и Том Круз, Сури Круз, го прослави 13. роденден во друштво на својата мајка и најблиските пријателки во популарниот ресторан „Деликатешн“ во Њујорк, каде што уживаа во тестенини, салати и слични деликатеси.
„Тие не се издвојуваа од толпата и беа многу љубезни кон вработените“, изјави очевидец, кој беше во ресторанот.
За својот 13. роденден Сури посака да оди во ресторан со своите пријателки, а холивудската актерка се потруди да ѝ ја исполни желбата на својата единица и роденденот ѝ го претвори во ден од соништата.
Девојчињата беа внимателно дотерани – сите носеа фустани и трендовски патики, но исто така не можеа да им одолеат ни на популарните чанти со бисери со потпис на Сузан Александар.
Се разбира, во близина никаде го немаше татко ѝ, познатиот холивудски актер Том Круз, кој со години не ја има видено својата ќерка поради влијанието на сциентологијата врз неговиот живот и животните одлуки.