Откако шокираше со лошиот изглед по напуштањето на установата за ментално здравје во која наводно сама се пријавила, Бритни Спирс им се обрати на обожавателите преку видео на Инстаграм.
„Јас само сакав да ве поздравам бидејќи приказните излегоа од контрола. Постојат гласишта, смртни закани на моето семејство и на тимот, има толку луди работи. Се обидувам да се земам еден миг за себе, но станува само потешко поради сето тоа што се случува. Не верувајте се што ќе чуете и прочитате. Тие лажни мејлови ги направи пред Сем Лутфи пред многу години … јас не ги пишував. Тој се правеше дека сум јас и комуницираше со мојот мојот со лажни мејл-адреси”, објасни таа.
https://www.instagram.com/p/BwnqpG5g7qn/
„Те сакаме, Бритни”, ѝ порачаа обожавателите, но исто така и бројни колеги како пејачката Мајли Сајрус.
За Велигден, пејачката првпат се појави во јавноста, а нејзините обожаватели беа шокирани од нејзиниот изглед.
Тоа беше снимена со нејзиното момче во хотел Монтаж на Беверли Хилс целосно бушава, со размачкан кармин и збунета. Момчето ја заштитуваше од собраните фоторепортери во кои таа гледаше празно.
Таа се пријави во установа за ментално здравје бидејќи тешко ја поднесува болеста на нејзиниот татко.