Двеиполгодишниот Роман Белвил од американската сојузна држава Индијана, го освои „Јутјуб“ со своите кулинарски авантури, кои редовно на својот канал ги објавува неговата мајка, Ајла.
https://youtu.be/6XSJLvIt9cE
Првиот кулинарски туторијал на Роман е објавен минатата година, а на видеото малечкиот е вистинско колаче.
https://youtu.be/6ycGBZDq1Eo
Снимката до денес ја прегледале над 700.000 луѓе, а неговата мајка почнала редовно да ги објавува.
https://youtu.be/GWo07ZJFifw
Роман се истакна во правење пица, лазањи, смуди, а пред неколку дена објаснуваше како да се украсат велигденски јајца.
https://youtu.be/6J5_r7-hcXc
Во готвењето и печењето на храната му помага неговата мајка. Таа му додава намирници, му помага со кујнските апарати, но и внимава на прекрасниот Роман за време на снимањето.