Кина официјално соопшти дека Менг Хонгвеј примал мито

Кина официјално соопшти дека поранешниот претседател на „Интерпол“ Менг Хонгвеј е уапсен под сомнение дека примал мито со што го прекршил кинескиот закон.

Според АП, Канцеларијата на кинеското јавно обвинителство денеска издаде обвинение против Менг.

Менг беше избран за претседател на оваа меѓународна полициска организација во 2016 година, но по неговото апсење во октомври минатата година овој мандат му беше прекинат.

Тој тогаш беше заменик-министер за јавна безбедност на Кина.

Дисциплинскиот комитетот на Комунистичката партија објави дека истрагата дошла до заклучок дека Менг неколку пати го прекршил законот, поради што е исфрлен од партијата.

Во соопштението на партијата, Менг е обвинет за искористување на својата позиција за да го задоволи „екстравагантниот животен стил на семејството”.

Треба да знаете
Последни објави