Компании за преработка на храна во Данска добија писма со опасна содржина

Данските полицајци испитуваат бројни писма кои содржат неидентификувана прашина и закани, а кои се испратени од Белгија до неколку прехранбени компании во Данска.

Уфе Стормли од данската национална полиција изјави дека писмата содржат „опасна супстанција”, објави АП.

Сепак, тој одби да открие детали, бидејќи истрагата е во тек.

Данските медиуми објавија дека во писмата е баран „откуп” од 30.000 евра, или во спротивно ќе бидат заразени производите на тие компании.

„Даниш Краун“, кој се смета себеси за најголема европска компанија за преработка на месо, потврди дека добил такви писма.

Во соопштението се наведува дека слични писма биле испратени на адреси на неколку компании за преработка на храна во Европа.

Компанијата „Даниш Краун“, сепак, изјави дека ниту вработените ниту потрошувачите не се во опасност.

Треба да знаете
Последни објави