Малолетна кавадарчанка била обљубена од малолетен роднина, а информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Завчера во 21 часот во ПС Кавадарци, кавадарчанка пријави дека нејзината малолетна ќерка била обљубена од нивен малолетен роднина од Кавадарци, соопшти Додевски.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.