Пејачката Нина Бадриќ (46) се забавуваше во потоплите краеви, а викендот го помина славејќи го роденденот на пријателката Александра Мељниченко (42) на Некер Исланд, приватен остров што се наоѓа на Девствените Острови. Бадриќ се пофали со снимка од настапот пред гостите на роденденот, но таа не беше единствената што го привлече вниманието.
Бадриќ запеа со американската музичка група Kool & The Gang, која во кариерата имаше многубројни хитови, како што се Celebration, Jungle Boogie и Let’s Go Dancin.
„Среќен роденден на мојата прекрасна Александра“, напиша Нина на социјалните мрежи, а потоа му се заблагодари и на бендот.
„Kool & The Gang, ми беше задоволство“, додаде таа.
Со изведбата на песната Cherish, Нина ги воодушеви не само обожавателите туку и многу познати личности, а од публиката се слушаа овациите на нејзините пријатели.
„Генијално“, ѝ напиша актерот Горан Вишњиќ (46), а доби пофалби и од Јелена Розга (41) и Жанамари Перчиќ (37).
Освен нејзините вокални способности, многумина забележаа дека Нина пееше боса и дека поцрнела.