Денеска организираме трибина за млади, затоа што мислам дека таа тема е исклучително битна генерално за развојот на нашето општество не само сега во предизборнава кампања, и затоа за таа цел и е дадено посебно место во мојата програма за следните 5 години. Ако ја добијам довербата на граѓаните на 5 мај имам намера тоа прашање да го поставам на приоритетно место, затоа што развојот на општеството зависи од развојот на младата популација односно од шансите кои таа популација ќе ги има пред се во својата земја.
Значи станува збор за креирање на амбиент во кој ќе им понудиме наместо изолација како што беше со години наназад шанса да се дружат со своите врсници од Европа, да бидат дел од заедничкиот европски пазар, да бидат дел од заедничките образовни европски програми, и што е многу важно на таков начин низ комуникација со своите врсници од Европа да ги усвојуваат европските вредности.
Една од клучните европски вредности во тој дел е развивањето на критичкото мислење затоа што само на таков начин со прашување, со оспорување, со дебатирање околку клучните правци на развојот, и околу клучните проблеми кои нив ги мачат, можеме да дојдеме до напредни решенија, креативноста на младите мора да биде ослободена, а тоа не се прави во стеги или во изолација.
Во мојата програма имам предвидено неколку проекти за младите, но се разбира во целина генералната рамка на мојата програма значи Македонија да биде многу брзо дел од евроатлантските структури со што младите ќе добијат многу поширок простор за реализација на нивните замисли и за развивање на нивните професионални и лични кариери.