Претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена побара оставки од секретарот за одбрана и шефот на националната полиција откако силите за безбедност не реагираа на предупредувањето пред велигденските самоубиствени бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 350 луѓе.
Претседателската канцеларија на Сирисена објави дека претседателот ги побарал оставките денес, според АП.
За сега не се знае кој ќе ги замени, објави агенцијата.
Сирисена вчера изјави дека очекува смена на челниците на одбранбените сили на земјата во следните 24 часа, бидејќи не успеале да ги спречат нападите на бомбашите-самоубијци и покрај тоа што имале информации дека нападите ќе се случат.