Силјановска: ИВЗ е последен пример за селективна правда во интерес на политиката на власт

Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска на својот Фејсбук профил го осуди, според неа, мешањето на власта во преземањето на ИВЗ.

– Сведоци сме на постојани обиди за насилно и незаконско преземање на ИВЗ со директно влијание на највисоките преставници на Власта. Според член 19 на Уставот на РМ Македонската православна црква, Исламската верска заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот! Ова е последен пример за селективна правда во интерес на политиката на власт. Сe е врзано за владеењето на правото! Време е за европско интелектуално лидерство кое знае, а не манипулира!, напиша таа.

https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/posts/823742771316933

Треба да знаете
Последни објави