Судски вештак тврди дека новиот ДНК-тест ќе го реши случајот со Медлин

Случајот со Медлин Мекан и 12 години по исчезнувањето не е решен. Експертот за судска медицина, д-р Марк Перлин, тврди дека за само една недела би можела да се реши мистеријата за исчезнувањето на девојчето ако му дозволат ДНК-тестирање со најновиот метод, пишува „Сан“.

„Ќе ни требаат една до две недели за да собереме податоци што би можеле да бидат клучни за решавање на случајот”, вели Перлин.

Мади исчезна во мај 2007 година во Португалија, додека беше на одмор со своите родители. Полицијата зеде ДНК-примероци од апартманот каде што престојуваше семејството и од нивниот автомобил. Тестовите покажаа нејасни резултати пред 12 години, а Перлин тврди дека со модерните технологии може повторно да го отвори случајот.

Постојат различни теории за тоа како исчезна девојчето и каде се наоѓа. Последната теорија ја изнесе Колин Сатон, поранешен полицаец во Лондон. Тој верува дека нејзиното тело било фрлено во еден од 600-тоте антички бунари во Праја да Луз. Во еден момент осомничени беа и родителите на девојчето.

Треба да знаете
Последни објави