Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во својот кабинет имаше средба со припадниците на Единицата за специјални задачи „Тигар“ кои учествуваа на 11-от Меѓународен натпревар на специјални единици – KASOTC, во периодот 14 до 20 април во Аман, Јордан.
Министерот Спасовски упати честитки до тимот од ЕСЗ за одличниот успех постигнат во рамки на овој меѓународен петдневен натпревар што беше спроведен во пет дисциплини каде во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, која се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и во определен број мети (вешто, брзо и прецизно пукање), тимот од ЕСЗ го освои првото место.