Американскиот претседател, Доналд Трамп, со твит повика на формирање на праведни социјални медиуми како одговор на дискриминацијата, која, како што тврди, како републиканец ја чувствува од компанијата „Твитер“.
Тој, исто така го поздрави влијанието на американските пратеници, кои ги повикаа директорите на неколку компании од сферата на социјалните мрежи да сведочат во однос на разни медиумски скандали.
„Не е изненадување што Конгресот сака да учествува во тоа – и треба“, напиша тој на Твитер.
Трамп има еден од најследените налози на „Твитер“, со речиси 60 милиони следбеници, но тој постојано ја критикува компанијата и нејзините конкуренти во сферата на социјалните медиуми за она што тој го карактеризира како пристрасност против конзервативците.