Косовскиот премиер Рамуш Харадинај потврди денеска дека ќе учествува на средбата на лидерите на Западен Балкан, што во организација на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ќе се одржи на 29 април во Берлин, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај на отворањето на Меѓународниот саем „Приштина 2019″ рече дека очекува Косово на самитот да добие позитивни сигнали за скорешно укинување на визите.
Покрај Храдинај, на собирот во германската престолнина ќе учествува и претседателот на Косово Хашим Тачи.