Јапонската влада се извини и вети компензација за десетици илјади луѓе, кои биле присилно стерилизирани врз онсова на закон кој важел порано.
Генералниот секретар на кабинетот, Јошихида Суга, рече дека државата испраќа искрени извинувања и жали за таквите постапки, пренесе агенцијата АП.
На извинувањето од владата претходеше усвојување на закон во парламентот кој предвидува мерки за надомест, вклучувајќи и отштета од 3,2 милиони јени (28.600 долари) за секоја жртва.
Според американската агенција, од донесувањето на Законот за заштита на селективното размножување во 1948 година до неговото укинување во 1996 година, присилно биле стерилизирани 25.000 лица.
Според законот чија цел била да го спречи раѓањето на неквалитетни потомци, на лекарите им било дозволено да ги стерилизираат лицата со посебни потреби, ментална попреченост или луѓе кои страдаат од сериозна хронична болест.
Од друга страна, оштетените страни во овој случај, во тужба која ја имаат поднесено, бараат по 30 милиони јени (268 илјади долари) и укажуваат дека владиниот надомест е премногу мал за нивното страдање.