Бајден ќе се кандидра за претседател на САД

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден, се очекува да го објави своео учество во трката за претседател на САД на изборите во 2020 година, јави „Ај-Би-Си Њуз”.

Бајден планира в четврток преку видео да ја објави својата кандидатура, а веќе в понеделник да се сретне со синдикалните претставници во Питсбург.

„Волстрит Журнал” претходно објави за плановите на Бајден да се кандидира за претседател од страна на Демократската партија. Според весникот, поранешниот потпретседател од времето на Барак Обама минатата недела ја споделил својата намера со десетмина свои поддржувачи и побарал нивно спонзорство.

Бајден в четврток ја започнува претседателската трка со нула долари, објави „Њујорк Тајмс”.

Треба да знаете
Последни објави