Пендаровски лаже исто како Заев. Пендаровски треба да се извини на Телма и на јавноста за изречените лаги.
Го разбираме Пендаровски дека е исплашен од поразот, но чесно би било да се соочи со фактот дека граѓаните не го поддржуваат и дека нема што да понуди.
Ниту телевизиите, ниту граѓаните се должни да ги трпат навредите на Пендаровски. Јавноста не смее да биде жртва на паниката од изборниот пораз на Пендаровски.
Граѓаните знаат, знае и цело СДСМ дека Пендаровски губи, а губи затоа што е ист како Зоран Заев, 102.5%, криминоген и корумпиран.
Пендаровски со денешниот однос кон медиумите уште еднаш покажа зошто не смее да биде претседател на Република Македонија.