Српскиот претседател Александар Вучиќ најави денеска дека за десет дена ќе биде отворен јужниот крак на Коридорот 10.
– Би сакал да учествувам на отворањето на јужниот крак на Коридорот 10. За десетина дена ќе можете да патувате кон Скопје, Солун, Атина без ниту еден метар кој не е автопат. Тоа е голема вест, изјави Вучиќ од Пекинг.
Тој истакна дека Србија сака целосна соработка со Кина,
– Во Европа, кога ќе ја спомнете Кина, сите нешто се правдаат. Јас не се правдам. За разлика од оние кои секојдневно ни порачуваат: „Не ви е место во Европа или не ве сакаме”, Кинезите ни велат: „Ние со вас сакаме”. И ние сакаме, рече Вучиќ, дополнувајќи дека Кина не го загрозува суверенитетот и интегритетот на Србија.