„Сите вие што останавте дома знам дека се ежите од помислата на тоа да се врати режимот на Груевски. Испраќам порака до вас, должност наша е родољубска и татковинска да ја обезбедиме државата и да ни оди напред. Изборите да бидат успешни и демократски. Конечно да бидеме одговорни граѓани и да донесеме одлука“ порача Заев на граѓанската трибина во Прилеп.
Тој посочи дека на 5-ти мај е одлична можност да се избере иднината за да продолжи да оди државата напред.