Роботското летало на НАСА „ИнСајт”, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс, регистрира мал земјотрес на Црвената планета.
Тоа е прв забележан „марсотрес”.
Како што НАСА соопшти синоќа, мониторот на „ИнСајт” го снимил потресот на 6 април, а потоа уследиле уште три послаби земјотрести.
Францускиот научник Филип Лоњон изјави дека е возбудливо што конечно имаат доказ дека Марс е сеизмички активен.
Францускиот сеизмометар поставен е на површината на Марс минатиот декември, неколку недели пред слетувањето на „ИнСајт”.