Мајли и Емили ги почестија фановите со празнични провокативни фотографии

Пејачката и актерка Мајли Сајрус (26) пред своите следбеници на социјалните мрежи е многу опуштена, а со своите контроверзни реакции и постапки во неколку наврати покажа дека мислењето на околината не ја засега премногу. Така, Велигден одлучи да го прослави во малку поинаков дух, а своите фанови ги почести со секси фотографии и необични честитки на „Инстаграм“.

И додека некои од нејзините следбеници воодушевено коментираа дека изгледа извонредно, перформансот не им се допадна на сите.

„Ова е непримерно. Суштината на Велигден е нешто сосема друго“, е еден од коментарите што не ја поддржуваат Сајрус.

Емили Ратајковски (27) исто така објави прилично провокативни фотографии на својата социјална мрежа. Британскиот супермодел се облече како заводлива зајачица и така позира пред многу гадна маскота на зајак, со лисици на рацете.

„Емили, ти си многу секси, но што се случува со зајакот“?, ја прашал еден од фановите, а моделот со контроверзната фотографија ја разгоре мечтата на многумина во коментарите.

Во секој случај, се чини дека девојките успеаја во својот наум да привлечат малку празнично внимание и на себе.

Треба да знаете
Последни објави