Најмалку 60 лица загинаа, а повеќе од 1.000 луѓе ги напуштија своите домови, откако обилни дождови предизвикаа поплави и свлечишта по должина на брегот на југоисточна Африка, соопштија локалните власти.
Поплавите најтешко го погодија подрачјето во околината на пристанишниот град Дурбан во Јужноафриканската Република.
Како што јави „Ројтерс“, срушени се голем број станбени објекти, а спасувачите ги пребаруваат рушевините.
Властите во Танзанија наредија евакуација на жителите од ниските подрачја и затворање на училиштата и канцелариите, пред налетот на тропскиот циклон Кенет, на брегот на соседен Мозамбик, кој е најавен за в четврток.