Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска на својот Фејсбук профил го осуди, според неа, мешањето на власта во преземањето на ИВЗ.
– Сведоци сме на постојани обиди за насилно и незаконско преземање на ИВЗ со директно влијание на највисоките преставници на Власта. Според член 19 на Уставот на РМ Македонската православна црква, Исламската верска заедница и другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот! Ова е последен пример за селективна правда во интерес на политиката на власт. Сe е врзано за владеењето на правото! Време е за европско интелектуално лидерство кое знае, а не манипулира!, напиша таа.
https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/posts/823742771316933